Моментот кога му беше изречен доживотен затвор на убиецот кој си ги уби дечињата и бремената сопруга


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монструозниот убиец Кристофер Ватс, кој си ги уби бремената сопруга и двете мали ќерки, беше осуден на доживотен затвор за грозоморното убиство кое го извршил.

Во емотивното сослушување во местото Грили во Колорадо на ватс му беше прочитана пресудата. Му се обратија и родителите на неговата сопруга , како и неговата мајка , која му го простила злосторството. Ватс за прв пат јавно кажа дека му е жал за убиствата на најблиските.

Тој пред две недели прифати договор со судот да биде осуден на доживотен затвор без можност за помилување наместо смртна казна. Тој ги убил 34 годишната сопруга Шенан и ќерките Бел и Селест на возраст од 3 и 4 години. Завчера призна дека ги убил бидејќи сакал да почне нов живот со новата девојка со која започнал љубовна врска два месеци пред да го изврши убиството.

Тој телата на децата ги фрлил во резервоар за нафта, а сопругата ја закопал во плиток гроб во близина на местото каде работел .