Home Шоубизнис Од холивудска филмска ѕвезда до агресивна алкохоличарка

Од холивудска филмска ѕвезда до агресивна алкохоличарка

Обожавателите на холивудската филмска и сериска продукција ја паметат 57-годишната Хедер Локлир како своевремено една од поголемите ѕвезди на холивудската филмска индустрија и како фатална заводничка и убавица. Денес таа е само сенка на некогашната фатална блондинка, која стреми кон дното на животот поради проблемите во кои запаѓа заради алкохолизмот.

Локлир уште еднаш заврши во психијатриска болница , откако пред некој ден се скарала со љубовникот Крис Хаузер, па го претепала и го исфрлила од дома. Таа мора да остане на посматрање во болница најмалку 72 часа. Ѕвездата на популарните серии ,,Династија” и ,,Мелроуз Плејс” влегува од еден во друг скандал.

Таа во јуни беше уапсена кога пијана се удри со автомобил во оградата на својата куќа во Калифорнија, а потоа ги нападнала полицајците. Веднаш по излегувањето од притвор, актерката се предозира, по што помина две недели на одделението за психијатрија.

Само една недела од излегувањето од болницата , била уапсена зашто ја давела мајка си Дијана (85) и се заканувала дека ќе се убие.

Локлор е во врска со професионалниот моторист Хаузер една година, а се знаеле уште од средното училиште.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Пресли Гербер снимен во дом за рехабилитација пред смртта

Пресли Гербер наводно снимил видео додека престојувал во дом за рехабилитација, откривајќи…