Home Шоубизнис Модната икона во топ форма: Наоми „пука“ од сексапил и на 46 години

Модната икона во топ форма: Наоми „пука“ од сексапил и на 46 години

Таа е дел од модниот бизнис веќе 30 години, но се чини дека Наоми Кемпбел одбива да старее и изгледа подеднакво добро и денеска на 46.

Неодамна таа беше дел од фантастична фотосесија за магазинот Sorbet во која им оддаде чест на големите музички легенди како Пати Смит и Стивен Тајлер.

Наоми ја фотографираше нејзиниот пријател Нико Бустос со кого досега соработувала во многу наврати.

Прв пат, тој ја има фотографирано пред точно 13 години за насловната на шпанското издание на Вог, а оттогаш имаат направено фантастични едиторијали и бројни други проекти.

„Она за што најмногу ѝ се восхитувам е тоа што таа е навистина добра и паметна личност. Тоа, помешано со нејзината неприкосновена убавина е нешто неверојатно“, додава фотографот.

Овој пат, неговата посебна врска со прекрасната манекенка е овековечена токму во магазинот Sorbet во изданието посветено на посебни и динамични двојки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …