Младата италијанска ѕвезда од лето на „Енфилд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Фиорентина, Федерико Киеса.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека „црвените“ веќе ги направиле првите контакти со одличниот 20-годишен фудбалер.

Киеса уште минатата сезона привлече големо внимание, а оваа сезона само ги докажа своите квалитети.

За неговата слобода Фиорентина бара 50 милиони евра, а Ливерпул наводно е спремен да ја плати таа сума.

Меѓутоа, тимот од „Енфилд“ не е единствениот кој е заинтересиран за Киеса. Наполи, Интер и двата клува од Манчестер исто така внимателно го следат крилниот напаѓач.

Киеса е син на легендарниот фудбалер Енрико Киеса и неодамна дебитираше за италијанската репрезентација.