Млад е, згоден, плус директор и дава 10.000 долари за некој да му најде женска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џо Коен, млад директор на компанија во Калифорнија, бара несекојдневна помош од луѓето да му најдат девојка и за тоа нуди нагада 10 илјади долари.

Досегашните напори за да пронајде девојка му биле неуспешни, па се одлучил на поинаков пристап. Коен нуди 10 илјади долари на тој што ќе го запознае со девојка со која што ќе биде најмалку 4 месеци, а 2 илјади долари за оној што ќе го запознае со некој што ќе го поврзе со девојка.

Коен се надева дека ќе пронајде девојка која нема да сака само пари, а од неа очекува да не биде невротична и да биде совесна.

Младиот директор посакува девојката да биде интелегентна и по можност еврејка. Ако не живее во Калифорнија да биде подготвена да се пресели таму, а Џо ќе ѝ плати за патот и смештајот додека се запознаваат.

Девојката не смее да има деца и треба да биде стара помеѓу 20 и 30 години, самосвесна и забавна и да не е материјалистка.

Коен за себе кажува дека е интелегентен, драг, автентичен, позитивен и фер. Во слободно време се занимава со качување, тенис, патувања и запознавање на интересни луѓе/

– Во мојата околина поголемиот број на луѓето се запознаваат преку социјалните кругови, школите и работата. Мојот проблем е што моите социјални кругови во Калифорнија се ограничени, не одам на факултет и не сакам да бидам во врска со девојка од работа, вели Коен.

Тој додава дека вежба, има нов мебел и облека и дека купил нов Мерцедес.