Мислеше дека ѝ се поголеми: Шанина си го прецени своето деколте


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатата манекенка од манекенската елита на „Victoria’s Secret“, Шанина Шајк, на свечената забава одржана после доделувањето на Оскарите, во организација на Vanity Fair, со модниот избор очигледно си ја преценила големната на своите гради, па модните критичари и пошироката јавност ја ставија „на тапет“ за овој нејзин моден гаф.

Додека Шанина на свечената вечер после доделувањето на Оскарите позираше на фотографите од разни агли, свесно или не, го покажа големиот недостаток на нејзиниот фустан.

Додека ја фотографираа од еден агол, 28 годишната манекенка покажа дека нејзиниот корсет не стои баш како што треба или како што си замислила таа.

Преубавиот светликав фустан толку многу отскокнуваше од нејзините гради, штo тоа беше многу видливо и на фотографиите. Сепак, овој недостаток на модната креација која ја носеше, или поточно „недостаток на гради“ во фустанот, не ја обесхрабри и поколеба Шанина самоуверено да позира пред фото-објективите.