Вељаноски предмет на раздор меѓу СДСМ и ДУИ: Зекири – „можна е влада и без ДУИ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На синоќешното гостување во емизијата „Клик Плус“ на ТВ 21, пратеникот од ДУИ, Ејуп Алими, изјави дека влада може да состави тој што има 61 пратеник.

Во жестоката дебата пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири рече дека влада може да има и без ДУИ. На ова Алими одговори дека влада составува тој што има 61 пратеник, а ДУИ има парнтери со албански гласачи и тоа треба сериозно да се размисли.

На прашањето на водителот дали по случувањата во Собранието околу одземањето на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски (пратеник на ВМРО-ДПМНЕ) ќе останат во коалиција со ДУИ, Зеќири рече:

„Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе одржиме партиски сотанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на влада и без ДУИ, и тоа е опција, зошто да не“, рече вечерва Мухамед Зекири во Клик плус на ТВ21.