Македонија овие денови нема мир: Автобус се преврте кај Струмица

Додека Македонија се уште се опоравува од трагедијата со автобусот на „Дурмо Турс“, вечерва пристигнува уште една лоша вест за патиштата низ Македонија.

Имено, вечерва во околу 18:30 часот на патот од селото Василево кон Пиперево во околината на Струмица се превртел автобус кој бил управуван од возачот А.М (46) од Струмица.

Возачот бил сам во автобусот и за среќа според првите информации поминал без посериозни повреди.

Причините за превртувањето на автобусот засега се непознати, а несреќата е потврдена од страна на СВР Струмица.

Поради истекот на нафта од автобусот на местото на несреќата имало интервенција на едно противпожарно возило.