Славни

Мис на југословенскиот филм: Се слече гола пред попови, па исчезна од сцената

Актерката Савина Гершак беше жена по која воздивнуваа сите мажи од бивша Југославија, а на врвот од нејзината слава таа се повлече од светот на глумата. Тогаш имаше 28 години, а како причина за напуштањето на актерските води ја наведе желбата да се посвети на образованието.

Родена е во Љубљана, 1963 година, а како тинејџерка активно играла тенис и забележала солидни резултати како млада јуниорка. На 16 години стана трета најдобра тенисерка во Југославија, па почна професионално да се занимава со тој спорт.

После враќањето во Љубљана во 1981 година, запиша студии по англиски јазик, а во исто време почна да се занимава со манекенство. Пред завршувањето на првата студиска година, доби главна улога во филмот на Живко Николиќ, „Смртта на господинот Голужа“.

Иако во летото 1982 година во Пула беше најбарана личност, следните две години не доби никаква улога, а публиката не ја гледаше ниту во кино салите, ниту на малите екрани, сè додека Живко Николиќ не го сними новиот филм, во кој Савина повторно доби главна улога.

Филмот „Чудо невидено“ беше добро примен и кај публиката и кај критиката, а некои сцени од него влегоа во филмската антологија на Југославија. После овој филм Савина во 1986 година доби улога во италијанскиот филм „За грст дијаманти“, а потоа глумеше во уште два италијански филма. Третиот филм од Николиќ во кој се појави таа беше политичката драма „Во име на народот“, во кој глумеше заедно со Богдан Диклиќ и Миодраг Кривокапиќ. Во овој филм не глумеше заводничка, туку нејзината улога беше лишена од еротизам. До ’90-те се појави ву уште седум филма, главно продуцирани во Италија.

На 28 години го напушти филмскиот свет. Иако студиите по англиски никогаш не ги заврши, запиша психологија во Рим и таму дипломираше. Во италијанската престолнина живее и ден денс, мајка е на две деца и се занимава со психотерапија.

To Top