Орбан: За стабилизација на Балканот ЕУ мора што поскоро да ги прими Македонија, Црна Гора и Србија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Унгарскиот премиер Виктор Орбан во четвртокот во Малта предупредил дека влијанието на Европа на Балканот се намалува и дека расте влијанието на САД и Русија, а поради стабилизација на регионот ЕУ треба да го забрза приемот на Црна Гора, Македонија и Србија во Унијата.

Орбан исто така изјавил дека ЕУ мора да се одбрани од претстојната „инвазија на муслиманските имигранти“, пренесува весникот Malta Today.

Говорејќи на конгресот на Европските народни партии (ЕРР) Орбан рекол дека миграцијата носи само терор, „краткотрајно решение за недостатокот од работна сила и работа за невладините организации“.

ЕУ би требало да се промени за да ги заштити семејните вредности и христијанството, а нејзините лидери не би требало да се плашат од тоа што нив ќе ги наречат „популисти“, рекол Орбан.

Тој исто така побарал воспоставување на центри за барателите на азил во Либија и ги повикал европските земји да го направат истото што го направила и Унгарија, односно одбрана на своите граници преку подигнување на ѕидови, пишува весникот.

„Границите мора целосно да бидат контролирани и не верувајте на никого кој вели дека тоа не е возможно. Ние ги браниме своите граници од илјадници километри без придонес од ЕУ. Ние сме жив доказ дека одбраната е возможна, односно дека тоа е реална солидарност“, рекол Орбан.