Home Вебкафе Милионер од Флорида доцна дознал дека невестата со која се оженил му е внука

Милионер од Флорида доцна дознал дека невестата со која се оженил му е внука

68-годишен милионер од Флорида доживеал шок кога дознал дека неговата новопечена 24-годишна сопруга, всушност, е негова биолошка внука.

Парот живее во Мајами, а само три месеци откако се венчаа, при едно прегледување на семејните албуми, младата доживеала големо изненадување кога на една од фотографиите го видела својот татко.

Во албумот имало фотографии од семејството на милионерот со првата сопруга, со која тој не бил во контакт со години.

„Бев очајна кога го видов татко ми. Мојот сопруг ми кажа дека тоа е негов син од првата сопруга со кој веќе долго не е во контакт“, објаснува невестата.

Неименуваниот милионер, после неславниот брак со својата втора сопруга во 2009 година, освоил неколку милиони долари на лотарија, а неговата сегашна сопруга си заминала од кај своите родители откако забременила како тинејџерка. Потоа работела како танчерка во ноќен клуб.

Парот се запознал преку интернет, а мажот признал дека го обзело некое чудно чувство кога ја видел нејзината фотографија.

„Ми делуваше чудно. Како да поминував низ некое дежаву. Тогаш не знаев за што станува збор“, признава старецот.

Тие одбиваат да се разведат, велејќи дека ионака би живееле среќни до крајот на животот ако никогаш не дознаеја за нивната роднинска врска, пренесува Independent.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе

Напишете коментар

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…