Миланската гол-машина: Малиот има надреална статистика – на 87 натпревари постигнал 483 гола


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Mилан во своите младински категории има фудбалер со неверојатна статистика.

13-годишниот Франческо Камарда е вистинска гол-машина, доказ за тоа се неговите нереални бројки. Камарда на претходните 87 натпревари има неверојатни 483 гола што звучи навистина нереално. И ако некој помисли нешто друго, ќе напоменеме дека станува збор за нормални „11 на 11“ натпревари.

Европскиот фудбал не памети ваква статистика и сигурно дека Камарда има предиспозиции како ретко кој. Скаутите веќе го следат, но сигурно дека Милан лесно нема да се откаже и ќе сака да го задржи и понатаму. Останува времето да покаже како ќе се развива во иднина, но дека ветува, ветува.