Microsoft се откажа од Windows 10X


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технолошкиот гигант „Microsoft“ објави дека го откажал оперативен систем „Windows 10X“. Наместо тоа, „Microsoft“ ќе ги интегрира функциите од „Windows 10X“ во „Windows“ и останатите производи.

Компанијата веќе започна да распоредува некои од овие функции во верзиите на „Windows Insider“, како што е подобреното искуство со внесување текст и надградена тастатура на допир со оптимизирани големини на тастери, звуци, бои и анимации .

„Windows 10X“ требаше да биде подискретна верзија на „Windows 10“ дизајнирана специјално за уреди кои имаат двоен екран, како „Surface Neo“.

На почетокот на оваа година, „Microsoft“ објави дека наместо тоа ќе биде направен за лаптопи со еден екран. Во јануари, дури беше претставено и неговото работно демо.

„Microsoft“ моментално е во процес на претставување на последното ажурирање „21H1“ за „Windows 10“, што е релативно мало ажурирање, а големото ажурирање е планирано за октомври.