Керим, Божиновска, Туфегџиќ, Ружин – еве кои имиња се дел од Советот за надворешна политика на Бујар Османи

Валентина Божиновска, Срѓан Керим, Ивана Туфегџиќ и Нано Ружин се меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи (МНР), информираше денеска министерот Бујар Османи.

Членови на советот се и Марјан Ѓуровски, Денко Малевски, Марко Трошановски, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.

„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Османи на прес-конференцијата.