Home Живот и здравје Од следната недела матичните лекари ќе издаваат потврди за патување во странство

Од следната недела матичните лекари ќе издаваат потврди за патување во странство

Од следната недела, матичните лекари ќе издаваат електронски QR код, или „Грин-пас“ за патување за секој поединец кој сака да помине граница, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

-Оваа апликација ќе може да се симне на секој мобилен телефон, а ќе ја издаваат матичните лекари. Овој сертификат ќе може да се надградува со податоци, рече Филипче.

Овој сертификат за вакцинација ќе содржи податоци за примена вакцина, за антитела или за направен PCR-тест.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Зошто мачките повеќе ги сакаат жените

Мачките се мали и слатки суштества кои сакаат да се гушкаат и играат со своите сопственици…