Home Вебкафе Метеорит ја погоди „крвавата“ Месечина – ударот фатен на снимка (видео)

Метеорит ја погоди „крвавата“ Месечина – ударот фатен на снимка (видео)

Сите жители на планетата Земја кои во неделата вечерта беа на некоја од идеалните континентални локации каде имаше ведро небо, имаа можност да го гледаат затемнувањето на Месечината, а истовремено се случуваше и феноменот „крвава Месечина“.

А оние кои со посебно внимание го набљудувале затемнувањето, имале шанса да го видат моментот кога еден метеорит удри на површината од нашиот природен сателит.

Ударот на метеор го виделе многу набљудувачи, дури и оние кои се опремени со аматерска опрема, но не биле сигурни дали краткиот блесок на светлина кој го забележале, бил некој вид на локален феномен или нешто поврзано со Месечината. Поради тоа го провериле виденото на два преноси од помрачувањето на интернет. Еден бил снимен од Мароко, а друг од Калифорнија. И биле изненадени кога го виделе истиот блесок на двете камери, што значи дека “нешто се случило” на Месечината.

Веста прво била објавена на Reddit, чиј корисник пријавил дека видел “мал блесок на Месечината” и побрзал да провери дали уште некој го видел истото. Слична глетка виделе и корисниците од Мароко, а за феноменот ја известил и Грифит опсерваторијата од Лос Анџелес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Во Lilly дрогерии попуст до 35% на сите производи за нега на лице

Компанијата Lilly Drogerie го означи почетокот на акцијата со попусти на сите производи за…