Home Актуелно Неколку патни правци затворени за камиони – сообраќајот релативно нормален

Неколку патни правци затворени за камиони – сообраќајот релативно нормален

Утрово, на патиштата низ државава сообраќајот се одвива главно по влажни коловози, со присуство на кашаст снег на некои повисоки места во западните делови од државата. Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради појава на магла видливоста е намалена од 50м до 100м во Страцин и на планинскиот премин Буково.

Од 07:35 часот се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 23:55 часот на патот Дебар – Маврови Анови и обратно, поради обилни врнежи од снег е воведена забрана за движење на ТМВ. Во 23:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража.

На патниот правец Струга – г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…