Home Спорт Меси позитивен на Ковид-19 – еве кои други фудбалери на ПСЖ се заразени

Меси позитивен на Ковид-19 – еве кои други фудбалери на ПСЖ се заразени

Лионел Меси е еден од четирите фудбалери на ПСЖ кои имаа позитивен тест на Ковид 19 при враќањето на тренинзи со францускиот клуб.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино потврди дека покрај Меси, позитивни се и Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала, кои веднаш се ставени во карантин.

Денес Пари Сент Жермен ќе се сретне со третолигашот ФК Ван во натпревар од турнирот во Купот на Франција, а четворицата најверојатно ќе го пропуштат и дербито со Лион.

„Меси е во постојан контакт со нашите медицински лица и ќе отпатува за Франција во првиот момент кога ќе добие негативен тест за Ковид 19. Не знаеме повеќе за него во овој момент и не знаеме кога ќе го имаме на располагање“, изјави Покетино.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …