Македонија во 2023 година ќе биде претседавач со ОБСЕ


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Македонија стана дел од триото претседавачи на ОБСЕ попознато како „ОБСЕ тројка“, заедно со сега веќе минатогодишниот претседавач Шведска, како и актуелниот претседавач за оваа година Полска.

Со тоа и формално започнуваат и нашите обврски поврзани со претседавањето во 2023 година со најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ во која членуваат 57 земји, плус 11 медитерански и азиски земји партнери на Организацијата, информираше на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.