Меси нападнат на Ибица (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сезонскиот летен одмор за фудбалерите се ближи кон крајот, пред почетокот на професионалните обврски од новата фудбалска сезона, па славните фудбалски асови уживаат во последните денови од летното опуштање. Лионел Меси нив ги минува на фамозните плажи од Ибица, каде се забавува со сегашните и поранешните колеги Луис Суарез, Жорди Алба и Цеск Фабрегас.

Но, забавата му беше прекината кога еден гостин на журката прво го нападна вербално, а потоа се обиде и физички да се пресмета со фудбалската ѕвезда.

За среќа, интервенираа телохранителите. Меси помина неповреден благодарение на брзата интервенција од обезбедувањето на клубот.

Првиот дел од одморот Меси го помина на Карибите, потоа замина на неколку дена во Барселона, за да продолжи на Ибица, каде веќе со години таму го минува одморот со семејството. На подготовките на Барселона ќе им се приклучи во среда , на 31 јули.