Брканица како на филм меѓу полициска патрола и шверцери на дрога (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Полициските сили на крајбрежната патрола Steadfast во Тихиот Океан имаа адреналинска и епска брканица со глисери со шверцери на дрога која доби филмски размери.

На видео снимката може да се види како шверцерите во полна брзина се ослободуваат од кокаинот и го фрлаат во океанот. Крајбрежната стража уапсила деветмина вооружени шверцери.

Сепак, крајбрежната стража не успеа да ја заплени пратката кокаин вреден околу 30 милиони долари од бродот на шверцерите, кои подоцна биле уапсени во базата на крајбрежната стража во Сан Диего, Калифорнија.

Акцијата за заплени дрога извршена во петокот е дел од сеопфатна акција што започна кон крајот од јуни. Оттогаш, до денес, во шест операции на брегот на Мексико и Централна и Јужна Америка биле запленети вкупно 11.793 килограми кокаин со улична вредност од околу 350 милиони долари.