Меси му порача на раководството: Денесете го НЕГО!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси инсистора на „Камп Ноу“ да биде донесен неговиот сонародник и играч на Пари Сент Жермен, Ангел ди Марија, пренесува „Паризиен“.

Во последно време се шпекулира дека Ди Марија може да го напушти „Паркот на принцовите“ бидејќи не е задоволен од животот во Париз.

Се шпекулира дека за трансферот Барселона ќе мора да плати меѓу 40 и 50 милиони евра, а дел од трансферот ќе биде финансиран со продажбата на Арда Туран.

Ди Марија играше за најголемиот ривал Реал Мадрид од 2010 до 2014 година, потоа замина во Манчестер Јунајтед каде во неговиот договор имаше „анти-Барса“ клаузула.

Меѓутоа, после само една година на „Олд Трафорд“ Ди Марија се пресели во Пари Сент Жермен со што беше избришата таквата клаузула, па сега би можел да се пресели на „Камп Ноу“.

Ди Марија не е во добри односи со тренерот Унаи Емери, па самиот сака да ја промени средината ова лето.