Таа го држи рекордот за најстара жена на светот – еве што вели за долговечноста


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По смртта на Италијанката Ема Морано на 16 април годинава, Вајолет Браун (117) од Јамајка е новата рекордерка највозрасен човек на Земјата.

Во едно скорешно интервју за „Џамејка Глинер“, таа вели дека долговечноста се должи на една мала тајна, којашто нема ништо со исхраната. Впрочем, во нејзиниот начин на исхрана нема ништо невообичаено, освен тоа што никогаш не каснала свинско и пилешко, ниту пак, пробала рум, раскажува таа.

Таа е родена на 4 април 1900 година, а кога наполнила 107 години, нејзините блиски и предложиле да се кандидира за највозрасниот човек на планетата, но се покажало дека има помалку години од потребното.

– Денешните млади си живеат лесно – такси возилата и автобусите ги носат до каде ќе посакаат. Се е во прилог на нивната удобност. Кога јас бев млада, па и во позрела возраст, требаше да работам толку многу, што понекогаш, кога се навраќам на тоа, ми се плаче поради тешката работа што ја вршев за да го прехранам семејството… Секој ден боса минував по четири километри, за да донесам вода дома. Покрај тоа, одев на училиште и се грижев за помалите свои браќа и сестри, раскажува таа.

Впрочем, упорноста и напорната работа е она што ја направило оваа жена посилна, попркосна и поцврста во животот.