Home Спорт Меси го продолжи договорот, ама не со Барселона!

Меси го продолжи договорот, ама не со Барселона!

Додека чека да потпише нов договор со Барселона, Лионел Меси го продолжи договорот за спонзорство со Адидас.

Аргентинскиот фудбалер потврди на Фејсбук дека ја продолжува соработката со производителот на спортска опрема кој е негов спонзор од почетокот на кариерата.

„Среќен сум што ја продолжувам соработката со Адидас“, напиша Меси.

Сепак она што сите го очекуваат е продолжување на договорот помеѓу каталонскиот клуб и Меси којшто истекува во јуни 2018.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…