Мерцедес се вклучува во сопственичката структура на Астон Мартин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако се навикнаа на моторите АМГ во своите аристократски автомобили, обожавателите и поклониците на автомобилскиот бренд Астон Мартин дочекаа ново изненадување.

Британската марка очигледно е во неволја и нема средства за понатамошен целосно независен технолошки развој, па склучи договор со Мерцедес. Тоа е долгорочно партнерство и се однесува исклучиво на технолошка соработка.

Двата бренда работат заедно скоро една деценија и сега ќе ја продлабочат таа соработка. Aston Martin на тој начин ќе добие пристап до хибридни и електрични погони од Mercedes, но и некои други компоненти кои не се во неговиот двор.

Во Мерцедес можат да бидат многу среќни затоа што силно влегоа во сопственост на марката. Во следните три години, нивниот удел ќе се зголеми од 2,6 на 20%, што е приближно во вредност од 316 милиони евра. Првиот „технолошки пакет“ во износ од 155 милиони евра е веќе потпишан, а со него Мерцедес веднаш го зголемува своето учество на 11,8%.