Мексиканец и рекол на сопругата дека оди по цигари, а заврши во Русија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистинска приказна која потврдува дека љубовта према фудбалот не познава граници!

„И реков на сопругата дека одам во Оксо супермаркет да купам цираги, но не и кажав во кој супермаркет точно. Вероватно не очекуваше да ќе заминам преку Атлантикот“, раскажува Артуро Гарсија за својата авантура.

Фудбалскиот фанатик од Пуелба и рекол на својата сопруга дека оди да купи цигари, но заминал прави на аеродром и седнал на лет за Германија. Во Германија се одморил и заминал за Русија, за да ги гледа мечевите на својата репрезентација во Купот на конфедерации.

Неговата авантура беше повеќе од интересна. Прво отпатувал во Монтереј, па во Волфсбург. Таму го пречекале роднини, играл фудбал со соседите, ја повредил ногата, па морал и во болница.

Лекарите го советувале да остане и да одмара, но тој со автомобил на својот роднина заминал за Русија, поточно во Казањ, каде им се придружи на мексиканските фанови. Спругата немала поим дека целата заштеда ја потрошил на патување.
„Цената за мене не е важна. Единствено ми беше важно да бидам таму со нашите фудбалери“.

Мексико во тој меч ја победи Русија со 2:1, но веќе следниот натпревар загуби од Португалија после продолженија.