Meкгрегор разочаран: Судијата не требаше да ја прекине борбата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конор Мекгрегор рано утрово беше поразен во Лас Вегас во бокс мечот против Флојд Мејведер.

Мекгрегор сосема добро се држеше во првите шест рунди, но како што одминуваше заморот беше посилен од него, а потоа судијата во десетата рунда прогласи и крај на борбата, пишува Спортски.мк.

„Добро се држев во првите рунди. Тој се бореше трпеливо и се прилагодуваше на моите удари. Да бидам искрен, мислам дека судијата прерано ја прекина борбата. Сметам дека тоа треба да се случи доколку веќе паднев на подот. Мејведер беше претпазлив во текот на целата борба. Но тоа беше и очекувано, тој има 50 професионални борби зад себе и една фантастична кариера. Моја желба беше борбата да биде продолжена“, изјави Мекгрегор.