Медведев закажа полуфинале со Надал во Акапулко и порача: „Тенисот не е најважен во овие моменти, јас промовирам мир“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Данил Медведев кој од понеделник ќе биде број еден на АТП листата победи во четвртфиналето на турнирот во Акапулко, а по натпреварот испрати апел за мир во Украина.

Медведев го победи Нишиока со 2:0 во сетови и така на најдобар начин го прослави поразот на Ѓоковиќ во Дубаи кој му гарантира прво место на АТП, без разлика како тој ќе го заврши турнирот во Акапулко.

Сепак, после мечот Медведев зборуваше за ситуацијата во Украина.

„Јас сум тенисер и сакам да промовирам мир. Сум играл во многу земји, не е убаво и лесно кога слушате вакви вести, сакам само мир. Тешко ми беше да играм, понекогаш сфаќате дека тенисот не е најважен и ова е таков момент“, порача Медведев.

Во полуфиналето Медведев ќе игра против Рафаел Надал. Второто полуфинале го сочинуваат Циципас и Нори.