Home Актуелно Руски воен брод убил 13 украински војници на мал остров во Црно Море откако тие одбиле да се предадат

Руски воен брод убил 13 украински војници на мал остров во Црно Море откако тие одбиле да се предадат

Украински војници на мал остров во Црното Море одбиле да се предадат пред руската војска која им се закануваала со бомбардирање од руски воен брод додека го освојувале малиот остров Змији до Крим.

Според аудиото, додека Русите се приближувале до островот рускиот офицер вели: „Ова е воен воен брод. Ова е руски воен воен брод. Ви предлагам да го оставите оружјето и да се предадете за да избегнете крвопролевање и непотребни жртви.Во спротивно ќе бидете бомбардирани“.

На тоа еден украински војникму одговара: „Руски воен брод, е*и се“.

Тоа беа последните познати зборови слушнати од островот. Сите 13 украински бранители беа убиени во руско бомбардирање , изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Сите граничари загинаа херојски, но не се откажаа. Постхумно ќе им биде доделена титулата Херој на Украина“, рече Зеленски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…