Медведев нема милост кон судиите кога ќе го изнервираат – овој пат беше уште пожесток (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Данил Медведев, после денешната победа во полуфиналето против Стефанос Циципас со 3-1 во сетови, обезбеди финален дуел на Австралија Опен против Рафаел Надал кој е закажан за недела.

Она што остана забележително од второто полуфинале на престижниот турнир е повторното урлање на Русинот упатено кон судиите.

Светскиот рекет број 2 се изнервира бидејќи за време на мечот му дозволувал на Циципас да добива совети од татко му.

Тој го доби првиот сет во тајбрејк, но откако по втор пат го загуби својот сервис во вториот сет, го нападна жестоко судијата без да бира зборови.

„Дали си луд, еј дали си луд? Разговара со татко му во секој момент. Дали си глупав? Татко му може да разговара со него во секој момент. Ќе ми одговориш ли на прашањето?

Како може да си толку лош за време на полуфинале на гренд слем. Погледни ме кога ти зборувам,“, урлаше и повторуваше збеснатиот Медведев.

„Што сакаш“, му одговори судијата?

„Да му дадеш „коучинг“ поради тоа што татко му постојано зборува со него“.