Home Шоубизнис Медиумска ергела од Денвер Нагетс отиде на една недела во Србија – буреци, пива, кафани – такво нешто не виделе

Медиумска ергела од Денвер Нагетс отиде на една недела во Србија – буреци, пива, кафани – такво нешто не виделе

Поголема екипа составена од медиумски претставници на Денвер Нагетс отидоа на 7-дневна посета на Сомбор и Белград. Импресиите? Велат дека би го повторила ова патување уште 100 пати. Се одјавија со зборовите „life changing experience“.

Новинарите дојдоа со техничка екипа, а целата седумдневна посета во Србија ја имаат документирано до детаљи. Посетуваат многу места, како на пример салата каде што почнал Јокиќ и црквата каде што се оженил.

Се среќаваат со многу луѓе, меѓу кои и со неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ и се долеваа со ракија, Јелен и Никшиќко пиво.

Во целата авантура ги води човек од Србија. Одат на две телевизиски гостувања, на фудбалски меч на Црвена Звезда во ЛШ, како и на кошаркарскиот квалификациски меч за Светско меѓу Србија и Грција, каде ќе се видат со Никола.

Му ја имаат снимено и лудата тројка во дуел со Јанис.

Момците се воодушевени од гостопримството и храната. Пробуваат еден куп ствари, меѓу кои се разбира, ракија и бурек и очекувано еден од нив се жали дека е поправен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Инде Наварет со шега му возврати на Шејн Гилис за навредите кон жените во вежбалница

Во воведниот монолог во „Saturday Night Live“ на 31 октомври, Инде Наварет му возврати на …