Home Спорт Медениот месец ќе почека, Меси се враќа во Каталонија!

Медениот месец ќе почека, Меси се враќа во Каталонија!

Еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел Меси својата долгогодишна врска со Антонела ја круниса со брак.

Венчавката се случи пред два дена во родниот град на Меси, Росарио, а аргентинските медиуми веќе ја прогласија за венчавка на столетието. Меси веќе долго време е во врска со Антонела со која има и два сина, Тијаго и Матео.

Лионел и Антонела одлучија медениот месец да го поминат на Карибите, но Меси на кратко ќе мора да се врати и до Барселона.

Имено, аргентинскиот фудбалер конечно би требало да потпише нов договор со каталонскиот клуб бидејќи сегашниот му истекува на крајот на наредната сезона.

Аргентинецот би требало денес да биде во Барселона каде што ќе се сретне со управата на клубот и ќе стави потпис на нов договор, пишува Спортски.мк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…