Падна договор, Тери утре добива нов клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Челзи е на чекор од Чемпионшип.

Џон Тери се договори со Стив Брус и наредната недела би требало да премине во екипата на Астон Вила, пишува Спортски.мк.

Оваа информација ја потврди „Дејли Мејл“ со напомена дека Тери во текот на викендот постигнал договор и дека веќе утре би требало да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор.

Тери ова лето имаше понуди од Бурнемоит, ВБА и Свонси, но се одлучи да му помогне на славниот англиски клуб да се врати во најсилната англиска лига.

Да потсетиме, англискиот фудбалер Челзи го напушти во јуни после 19 години поминати на „Стенфорд Бриџ“.