Вебкафе

Математичарот Атија тврди дека ја решил 160 години старата Риманова хипотеза

Еден од најпознатите математичари на денешницата, Мајкл Атија, тврди дека ја решил Римановата хипотеза, математички проблем стар 160 години.

Доколку неговото решение биде потврдено, на Атија му следува парична награда од еден милион долари.

Британско-либанскиот математичар Мајкл Атија, кој ги има добиено двете најголеми награди за математика – Филдсовиот медал и Абеловата награда – во понеделникот ја презентираше својата работа на собир во Хајделберг, Германија.

Решението на Атија ќе треба да биде проверено од страна на други математичари, а потоа да биде објавено, пред да биде целосно прифатено и потоа тој ќе може да си ја земе наградата од Математичкиот институт „Клеј“ во Кембриџ.

Римановата хипотеза е една од седумте нерешени „Милениумски проблеми“ од институтот, а на секое лице што ќе реши некој проблем ќе добие милион долари. Хипотезата е поврзана со делење прости броеви, кои не можат да се делат ниту со еден цел број освен со самиот себе и со бројот еден.

Атија користи радикално нов пристап и според неговото објаснување, тој мисли дека успеал да го реши проблемот.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top