Advertisements
Славни

Мастер Тони за својата сопруга: „Кога ќе нè видат, мислат дека таа ми е ќерка“

Таљат Селмани, балкански познат како („мастер“) Тони, моментално најпознатиот пензионер во Хрватска и на Балканот, гостуваше во централниот дневник на босанската телевизија кај Сенад Хаџифејсовиќ, во Сараево.

Тони доби еден час во ударен термин, во една од најгледаните емисии во Босна и Херцеговина, а за Хаџифејсовиќ откри детали од неговиот приватен живот кои досега не беа познати за јавноста.

Тони тврди дека неговата сопруга била најубавата жена која ја имал видено. За Сенад во емисија донесе и фотографии од сопругата од младоста, на која таа позира во фустан кој Тони за неа го купил од Париз.

„Мојата сопруга ја премина седумдесеттата, но не е стара. Кога ќе не видат луѓето, мислат дека таа ми е ќерка“, вели Тони.

Сопругата од Тони е Турчинка, се вика Назлие.

Advertisements

Најпопуларно

To Top