Маск: „Ако 2% од моите милијарди долари го решат светскиот глад, веднаш ги давам, ама…“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Со цел да го привлече вниманието на пошироката јавност, првиот човек на Светската програма за храна на О.Н, изјави дека само 2% од богатството на Илон Маск е доволно за да се реши светскиот глад. Маск порача дека тоа не е проблем, ама има два услова.

Оваа изјава на Илон Маск беше одговор на твит во кој беше наведен текст од Сиенен, дека само мал дел од парите на милијардерот се доволни за решавање на проблемот со гладните низ светот.

Условите на Маск беа дека ако Светската програма може во одговор на Твитер да објасни како точно 6 милијарди долари ќе го решат гладот низ светот, тој веднаш ќе продаде акции на Тесла во тој износ и ќе им ги даде парите.

Вториот услов беше за сите пари да се води „опен-сорс“ сметководство, за јавноста да може да гледа како точно се трошат парите.

Во првичниот твит на кој Маск одговараше беше наведено дека 2% од неговото богатство е 6 милијарди долари, а Светската програма за храна веќе има годишен буџет од 8,4 милијарди долари „и се уште го нема решено проблемот“.

По ова реагираше и директорот на агенцијата на Обединетите нации, Дејвид Бизли, според кого тие веќе имаат воведено системи за транспарентност и опен сорс сметководство, но коригираше и околу сумата, дека никогаш не рекол дека 6 милијарди долари ќе го решат гладот, туку дека таа еднократна донација ќе спаси 42 милиони животи во сегашната криза.