Home Шоубизнис Maroon 5 со спот посветен на сите жени од светот

Maroon 5 со спот посветен на сите жени од светот

Групата Maroon 5 го објавија новиот спот за песната Girls Like You, во кој се појавуваат голем број актерки, пејачки, водителки и други славни жени.

Лидерот на бендот, Адам Левин, во спотот танцува со Џенифер Лопез, Камила Кабељо, Мери Џеј Блајџ и Рита Ора. Освен нив, тука се и Мили Боби Браун, Гал Гадо, Тифани Хедиш, Сара Силверман, Ешли Греам и Елен ДиЏенерис. Во спотот се појавуваат и неколку спортистки, како и политичарката Илхан Омар.

Во видеото ги има и сопругата на Левин, Биати Принслу, заедно со ќерката Дасти Роуз. Новата песна на Maroon 5 е своевидна пофалба на жените и е посветена на сите жени ширум светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кара Делевињ откри како Тејлор Свифт ја поканила во спотот за „Patient Zero“

Кара Делевињ раскажа како добила покана од долгогодишната пријателка Тејлор Свифт да се по…