„Марка“ тврди: Роналдо до крајот на годинава се сели во Ал Наср со најскап договор во историјата на фудбалот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот весник „Марка“ тврди дека Кристиано Роналдо го договорил трансферот во Саудиска Арабија.

„Марка“денеска пишува дека Ал Наср очекува Португалецот до крајот на календарската година да потпише две и пол годишен договор вреден 500 милиони евра – најголем во историјата на фудбалот.

Ал Наср, клуб од Ријад, го предводи поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија, а најголеми ѕвезди на тимот се голманот Давид Оспина и поранешниот играч на Виљареал, Алваро Гонзалес. Ал Наср е, заедно со Ал Хилал, неговиот градски ривал, најтрофејниот саудиски клуб.