Сончева среда и ладно време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска во Македонија утрото носи студено време, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер.

Во Скопје наутро студено со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност со максимална температура од 6 Целзиусови степени. Маврово и Охрид 9, Битола 8, Крива Паланка 8, Берово 7, Кавадарци 8, Дојран 11.

И утре ќе имаме слични временски прилики како и денеска – наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 12 степени.