Home Вебкафе Македонци во Канбера на свадба ги разиграа и полицајците кои им ги викнаа комшиите

Македонци во Канбера на свадба ги разиграа и полицајците кои им ги викнаа комшиите

За време на македонска свадбена прослава во Канбера викендов, соседите повикале полиција поради гласната музика. Но, гостите ги фатиле на оро полициските службеници. Видео снимка од настанот каде полицајците заедно со свадбарите играат оро е објавена на „Сиднеј Мацедониан”, заедно со појаснувањето за несекојдневната случка.

На крај на видеото, полицајците заминуваат со ракоплескање. Инаку, во Австралија по долгите карантини и ригорозните мерки за заштита од вирусот, изминатиот период се олеснети рестрикциите. Дозволени се свадби и забави на кои можат да присуствуваат до 300 лица, а до 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Десетминутна навика која го менува начинот на размислување: Зошто водење дневник стана ритуал за добросостојба кај успешните жени

Во свет во кој мислите не престануваат, обврските се натрупуваат, а секојдневието често из…