Македонскиот „вундерлинд“ на мета на европските гиганти!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот талент Елиф Елмас оваа сезона блеска во дресот на Фенербахче, а вечерва за прв пат ќе настапи во едно европско натпреварување.

Имено, турскиот гигант му гостува на Динамо Загреб во рамките на Лига Европа, а тоа ќе биде можност македонскиот „бисер“ да ги покаже своите квалитети на европска сцена.

Добрите настапи на Елмас за Фенербахче не останаа незабележани, па турските медиуми пренесуваат дека вечерва скаути на Манчестер Сити и Борусија Дортмунд ќе го следат настапот на 18-годишниот фудбалер.

Покрај споменатите клубови и Рома, Бенфика, Атлетико Мадрид Лион и Спартак Москва постојано ги следат настапите на Елмас, кој минатиот викенд своите одлични партии ги круниса со прекрасен гол за победа над Коњаспор.