Home Спорт Македонскиот ракомет во шок: Почина ракометарот Денис Тот

Македонскиот ракомет во шок: Почина ракометарот Денис Тот

27-годишниот хрватски ракометар на Бутел, Денис Тот, почина на Клиничкиот центар во Скопје..

Претходно беше соопштено дека во Клиничкиот центар Скопје бил донесен во без сознание и без видливи траги на насилство. И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат 27 годишниот ракометар од Хрватска.

Министерството за внатрешни работи ги потврди информациите дека хрватскиот ракометар Даниел Тот, не бил претепан, туку на КАРИЛ бил донесен во бесознание и срцева акција.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, се наведува во соопштението од МВР.

Денис Тот веќе трета сезона играше во македонското првенство, во првите две беше член на РК Охрид, а оваа му беше прва во РК Бутел.

Неговиот поранешен клуб, РК Охрид веќе изрази сочуство преку порака на социјалните мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…