Home Актуелно Македонија го менува уставното име и станува Република Северна Македонија

Македонија го менува уставното име и станува Република Северна Македонија

Вчера доцна попладне, Собранието ги изгласа и усвои историските измени на Уставот со кои ќе се имплементира Преспанскиот договор и се менува уставното име на државата. Република Македонија станува Република Северна Македонија, се прават измени во Преамбулата.

Македонија ќе го штити македонскиот идентитет, ќе ги гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.

Државјанството ќе биде македонско коса црта граѓанин на Република Северна Македонија.

Уставните амандмани ќе стапат во сила и ќе имаат правно дејство по ратификацијата на Спогодбата и ратификацијата на протоколот на членство на Македонија во НАТО од страна на Грција.

На седницата амандман поднесоа од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во кој побараа името Република Северна Македонија да важи само за надворешна употреба. Владата не го прифати амандманот, но премиерот Зоран Заев образложи зошто ја направи отспаката.

Пратеничката Канчевска Милевска образложи дека овој амандман е начинот на кој опозицијата требаше да учествува во процесот на уставните измени со цел да ја обрани државата. Таа ја обвини поранешната матична партија ВМРО-ДПМНЕ за лажен патриотизам

Финална седница за гласање на амандманите и уставниот закон откако беше постигнат договор помеѓу Заев и БЕСА на Касами по тридневни преговори околу делот македонско во државјанството. Тие се догворија во уставниот закон да се достави став со кој ќе се гарантира превод на државјанството на јазиците на етничките заедници.

Четирите амандмани на Уставот и уставниуот закон треба веднаш да бидат објевени во Службен весник. Со тоа Македонија ги исполни своите обврски преземени со Спогодба од Преспа. Процесот се сели во Атина, а според највите треба да заврши до крајот на месецов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…