Македонија го чествува 23. Октромври – Денот на македонската револуционерна борба


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес Македонија го чествува 23. Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Во рамки на годинешното одбележување на празникот Владата организираше положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје, на настанот присуствуваше владина делегација составена од заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, заменик министерот за култура, Седат Сулејмани и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов.

На спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила, претпладнево владина делегација предводена од министерката за култура, Ирена Стефоски ќе положат свежо цвеќе.

Со порака да ја градиме Македонија во напредна европска држава со функционални и одговорни институции, со владеење на правото и со слободно и инклузивно општество,
потсетување на основоположниците на македонското револуционерно движење и на сите оние кои ги следеа нивните идеали во изминатите 127 години, со генерациска должност да ги чуваме придобивките на нашите предци и да продолжиме натаму, претседателот Стево Пендаровски го опишува значењето на 23 Октовмри – Денот на македонската револуционерна борба кој денеска се одбележува во земјава, пренесува 360 Степени.

„На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регионкои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регион. Тие беа пред своето време“, се вели во честитката од претседателот упатена до граѓаните.

Тоа биле идеали за слободна македонска република, втемелена врз демократски принципи, во која ќе има соживот меѓу различните етнички, верски и јазични заедници, а на нив, вели Пендаровски, се надоврзаа илинденците и антифашистите кои се бореа и се изборија за нашата слобода и државност. Денес, 127 години подоцна, додава тој, наша генерациска должност не е само да ги чуваме придобивките на нашите предци, туку и да го направиме следниот чекор:

„Да ја градиме Република Северна Македонија во напредна европска држава со функционални и одговорни институции, со владеење на правото и со слободно и инклузивно општество“, порачува претседателот на државата.

Пендаровски напоменува дека годинава, овој ден се одбележува во услови на глобална пандемија, која нè потсетува на значењето на солидарноста, која историски се испреплетува со овие простори.

„Овој предизвик што ги надминува нашите разлики е истовремено и можност преку солидарноста да постигнеме граѓанско помирување кое ни е толку непходно. Солидарноста мора повторно да стане наша врвна индивидуална и општествена доблест. Само ако се грижиме едни за други, само ако државата се грижи за секој свој граѓанин, ќе има надеж за Република Северна Македонија“, вели Пендаровски во честитката по повод државниот празник.