Home Спорт Маестрален погодок на Емре за победа на Ливерпул

Маестрален погодок на Емре за победа на Ливерпул

Ливерпул забележа минимална победа во Вотфорд, во последниот натпревар од 35.коло, во Премиер лигата.

Ливерпул победи во Воттфорд и по 35 кола има 69 бодови на третата позиција, три повеќе од Манчестер Сити и четири од Манчестер Јунајтед, кои имаат и натпревар помалку.

Победата на „црвените“ им ја донесе Емре Џан, во втората минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Играчот на Ливерпул, го постигна еден од најубавите голови оваа сезона, тој со „ножички“ го совлада Еурелио Гомез.

Вотфорд имаше можност да израмни во 94.минута, но ударот на Продл заврши во гредата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…