Луис Енрике ги загуби нервите: Нападна новинар и сакаше физички да се пресмета!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Луис Енрике целосно ги загуби нервите после дебаклот на неговиот тим во Париз, па влезе во расправија со новинарите после натпреварот.

Новинарот на каталонската „ТВ3“ го запраша што точно се случи со Барселона и зошто ништо не се променило по првото полувреме.

„Ми се чини дека не си го гледал добро натпреварот бидејќи променивме многу работи. Од 4-3-3 се префрливме на 4-2-3-1, се обидовме да промениме одредени работи за Лео Меси да добие повеќе слобода и да го добилижиме до голот. Но што и да направевме, резултатот ќе беше ист. Веќе кажав, јас сум одговорен за поразот и не барајте вина кај другите. Но не ми се допаѓа вашиот тон, би сакал да добивам ист третман и кога победуваме и кога губиме”, дрско одговори Енрике.

Според новинарката на Астресмедија, Сузана Гуаш, ситуацијата дополнителна се влошила по интервјуто. Шпанецот ги изгубил нервите и физички нападнал еден од новинарите. За жал камерата на каталонската „ТВ 3“ не успеала да го фати тој момент, но нивната колешка ја пренесе целата ситуација.

„Најлудата сцена на натпреварот се случи по разговорот со Енрике, која за жал не можете да ја видите. Дури тројца мораа да го држат Енрике за да не го претепа мојот колега“, откри новинарката на „ТВ 3“.