Барселона не доживеала ваков дебакл цела деценија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона синоќа во Париз, го доживеа еден од најтешките порази во Лигата на шампионите. ПСЖ не само што славеше со 4:0, туки ги надигра Каталонците во сите сегменти.

Барселона доживеа резултатски и играчки дебакл на „Паркот на Принцовите“, а тоа на клуб каков е каталонскиот не му се случува често.Каталонците примија два гола во првото полувреме, а тоа последен пат и се случило во 2008 година и натпреварот со Селтик.

ПСЖ стана шестиот тим кој против Барселона постигнал четири гола, по Милан, Динамо Киев, Валенсија, Челзи и Баерн Минхен.

Барселона во Париз четврти пат во историјата загуби натпревар во Лигата на шампионите со 4:0, претходно со овој резултат губеше од Милан, во финалето во 1994 година, потоа Динамо Киев во 1997 и Баерн Минхен во 2013 година.

„Беа подобри од нас. Играа подобро, тактички не надиграа, физички беа многу поагресивни од нас. Во текот на целиот меч не им дадовме можност на навивачите да веруваат во нас. По овој пораз ќе биде тешко во реваншот, но ќе се обидеме“, изјави Серхио Бускет.

Инаку ниту еден тим не успеал да мине во наредната фаза. во Лигата на шампионите, откако првиот натпревар го загубил со 4:0.