Луѓето полудеа по голата фотка од овој пар – причината за тоа е одлична


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Фотографијата од еден разголен пар во нивните седумдесетти години ја воодушеви интернет популацијата.

Трогателната сцена беше фотографирана од фотографката Џејд Бил, која го фати интимниот момент помеѓуј повозрасен пар кој заедно е 20 години. Меѓусебно прегрнати, тие двајца изгледаат опуштено и самоуверено.

Џејд со оваа фотографија сака да се спротивстави на општо прифатените социјални стандарди за убавина и изгледа дека типката успеа во тоа. Црно-белата фотографија ги слави годините, староста и љубовта, а го промовира и самоприфаќањето во сите форми и во сите животни периоди.

Гери, жената на фотографијата, изјави: „Го сакам своето тело. Имам проблем со видот и моите гради допираат до мојата половина, но знаете што? Се сакам себеси!“, пренесува Daily Star.

„Овие тела на старци, храмови на повеќедецениска мудрост, скршени срца, сила, падови и подеми…Какви можат да бидат поинаку, освен прекрасни?“, напиша фотографката.