Home Актуелно Еден загинат во пожар во Кочани

Еден загинат во пожар во Кочани

Едно лице го загуби животот во пожар што синоќа избил во објект на улицата Охридска во Кочани, информира СВР Штип. Станува збор за лимена барака лоцирана на оваа улица во кочанската населба Тиквешински лозја, а настраданиот таму привремено престојувал.

Пожарот во лимената барака е регистриран по 23 и 30 часот. Откако ја добила дојавата екипа на територијалната противпожарна единица од Кочани реагирала за мошне кратко време. При гаснењето, пожарникарите го пронашле јагленисаното тело.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, но официјално не го соопштува идентитетот на настраданото лице. Ќе се врши обдукција, по што ќе се излезе со официјални информации за кое сигурно станува збор и како дошло до пожар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…