Home Спорт Луда драма во Абу Даби: Верстапен во последниот круг од трката стана светски шампион во Формула 1

Луда драма во Абу Даби: Верстапен во последниот круг од трката стана светски шампион во Формула 1

Последната трка во Формула 1 донесе неверојатна драма после која нов светски шампион стана Макс Верстапен.

Верстапен во последниот круг во Абу Даби го претекна Хамилтон и ја освои светската титула.

Тој трката ја започна од пол-позицијата, но Хамилтон одма на почетокот го презеде водството.

Во Ред Бул се жалеа, но судиите не го казнија Британецот со враќање на позицијата, по што Хамилтон почна да ја зголемува предноста во однос на ривалите.

Потоа Лафти се заби во оградата и на патеката влезе сигурносното возило, па почна вистинска драма. Верспатен во последниот круг успеа да го претекне (клик на хиперлинкот за видеото од последниот круг) Хамоилтон и да стигне до титулата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…